Атлас на човечката анатомија на пресеци, снимки КТ и МР
Со овој атлас се поставени нови стандарди за квалитетот на пресеците од кадавери и придружните радиолошки снимки. Опишани се процедурите за правење на пресеците и начинот како е постигнат соодветниот квалитет. Во ова последно издание, за разлика од претходните две, квалитетот е подобрен со збогатување на материјалот во поглед на нови радиолошки снимки направени со најсовремена опрема, со што истовремено е подобрена и визуелизацијата на анатомијата. Покрај снимките, има нови проширени корисни белешки со детали за важните анатомски и радиолошки карактеристики.
Автори се: Харолд Елис, професор по применета клиничка анатомија и применети биомедицински истражувања, вработен во болницата „Гај“ во Лондон, Бари М. Логан, раководител на Катедрата по анатомија на Универзитетот „Кембриџ“ и Адријан К. Диксон, професор на Катедрата за радиологија при Универзитетот „Кембриџ“ и консултант-радиолог во болницата „Аденбург“.
Со овој атлас, авторите направиле комбинација од три различни презентации на анатомските напречни пресеци - оние од салата за дисекции, од КТ (компјутерската томографија) и оние од МР (магнетната резонанција). Пресеците се однесуваат на мозокот, главата, вратот, градниот кош, абдоменот, карлицата, на долните и горни екстремитети. Сите 119 пресеци што се дадени во боја и детално објаснети се наменети за студентите, хирурзите и за радиолозите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 review for Атлас на човечката анатомија на пресеци, снимки КТ и МР
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –