Атомско моделирање на процесот на попуштање на материјалите
Author:
Markus J. Buehler
Publisher:
Датапонс |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Atomistic Modeling of Materials Failure |
Num. of pages:
556 |
Dimensions:
165х235
|
Cover:
/
Атомското моделирање на процесот на попуштање на материјалите претставува вовед во техниките на молекуларното и атомското моделирање на процесите на деформирање и ломот кај цврстите тела. Фокусирајќи се на различните крти, пластични и геометриски ограничени материјали, овој детализиран преглед вклучува пресметковни методи на атомско скаларно нивои дава опис како овие техники можат да бидат искористени за моделирање на динамиката на прснатините, дислокациите и останатите деформациони механизми. Целосниот опис на молекуларната динамика (MD) како алатка за пресметковно моделирање го опфаќа користењето на класичниот внатрешноатомски потенцијал и примената на големо-скаларните, паралелно поврзани пресметковни капацитети, како дополнение на општите сфаќања за создавањето на моделите, симулациите, користењето и анализата на резултатите. Читателите можат да најдат аналитички описи на пресметковните техники, придружени со прегледот на основните математички и физички законитости. Дадени се примери на примена на конкретни материјали (како што се на пример силициумот и бакарот) при испитувањето на секоја од техниките и разгледуваните проблеми. Овозможувајќи опширен опис на повеќе-скаларните техники на моделирање, кои што успешно ја поврзуваат механиката на атомските и континуумските методи, атомското моделирање на процесот на попуштање на материјалите претставува значаен извор на информации за инженерите, академските работници, истражувачите и проучувачите на материјалите во лабораториите и индустријата.
Questions and Answers
You are not logged in