АВЕЛ САНЧЕС приказна за една страст
Авел Санчес и Хоакин Монегро не се сеќаваа колку време се познаваат. Беа познаници уште од детството, уште откако беа доенчиња, бидејќи нивните доилки се дружеа и ги здружија уште пред да научат да зборуваат. Секој од нив се запознаваше себеси запознавајќи го другиот. И така живееја и станаа многу добри другари уште од раѓање, речиси подобри и од родени браќа. Во нивните прошетки, во нивните игри, во другите заеднички пријателства, се чинеше дека Хоакин доминира и иницира сé. Всушност, поважно му беше да не се потчини отколку да наредува. Речиси никогаш не се караа. „Мене ми е сеедно, како сакаш ти...!“, му велеше Авел на Хоакин, и со тоа „како сакаш ти“ понекогаш ги влошуваше работите, на тој начин ги одбегнуваше кавгите.
- Никогаш не ми вeлиш не! – извикуваше Хоакин.
- А зошто би ти велел не? – одговараше другиот.
- Добро, овој не сака да одиме кај Борот – кажа еднаш, кога неколку другари одеа на прошетка.
- Јас? Не е дека не сакам...! – извика Авел. – Да, човеку, да, како сакаш ти. Ајде одиме!
- Не, како што сакам јас, не! Ти реков сто пати дека не! Како јас што сакам не! Ти не сакаш да одиш!
- Но, да човеку...
- Тогаш јас не сакам...
- Ни јас...
- Ова не е во ред – викна Хоакин. – Или со него или со мене!
И сите отидоа со Авел, оставајќи го Хоакин сам. Коментирајќи го ова во неговата Исповед посветени на детството, напишал: „Оттогаш тој беше симпатичниот, не знам зошто, а јас антипатичниот, без да ја дознаам причината за тоа, и ме оставаа сам. Уште како дете бев изолиран од страна на моите другари.“
1 review for АВЕЛ САНЧЕС приказна за една страст
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –