Автори и дела V
Д-Р ВАСИЛ ДРВОШАНОВ е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.
Дрвошанов бил директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер“ (2002–2004); редактор или коредактор на десетина зборници научни трудови и др.
Со свои прилози тој има учествувано на шеесет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи триста библиографски позиции.
Автор е на трудовите: „Фолклорни дијалектни текстови од Кајларско“ (1992), Прилепскиот говор од Круме Кепески (1993), Кајларскиот говор (1993), Ономастикон – речник на лични имиња, прво издание (1994), Ономастикон – речник на лични имиња, второ издание (1995), Автори и дела, I(2001), Дијалектолошки студии (2001), Творештвото на Стојан Ристески (2002), Анатомската лексика за човекот во македонските говори (2005), Жени-творци во лингвистиката (2008), Лингвистичките дела на Олга Иванова (2010), Сведоци на времето (2010), Кон роднинската терминологија на горанскиот говор (2013) и Книжевни написи (2014).
Коавтор е на трудовите: Толковен речник на македонскиот јазик, I (2003) и Македонски дијалектен атлас : пролегомена (2008).
Васил Дрвошанов е автор и на поетските збирки: Ронки (1986), Мониста (1995), Постапалка(1998), Дожд (2001), Pâine şi apă (2003, избор поезија во препев на романски јазик), Рој (2008) и Shiu(2012, препев на збирката Дожд на албански јазик).
Добитник е на Наградата „13 Ноември“ што ја доделува Собранието на град Скопје од областа на науката (1993) и на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод 50-годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003)., Д-Р ВАСИЛ е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник / редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.Дрвошанов бил директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (1990–1995); заменик-министер во Министерството за наука на Македонија (1996–1998); еден од основачите, прв продекан и редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје (1996–2012); главен уредник на ревијата за литература, култура и уметност на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер“ (2002–2004); редактор или коредактор на десетина зборници научни трудови и др.
Со свои прилози тој има учествувано на шеесет домашни и меѓународни научни конгреси, конференции и собири. Има објавувано свои научни и стручни прилози во голем број зборници, списанија и весници. Списокот на објавените трудови содржи триста библиографски позиции.
Автор е на трудовите: „Фолклорни дијалектни текстови од Кајларско“ (1992), Прилепскиот говор од Круме Кепески (1993), Кајларскиот говор (1993), Ономастикон – речник на лични имиња, прво издание (1994), Ономастикон – речник на лични имиња, второ издание (1995), Автори и дела, I(2001), Дијалектолошки студии (2001), Творештвото на Стојан Ристески (2002), Анатомската лексика за човекот во македонските говори (2005), Жени-творци во лингвистиката (2008), Лингвистичките дела на Олга Иванова (2010), Сведоци на времето (2010), Кон роднинската терминологија на горанскиот говор (2013) и Книжевни написи (2014).
Коавтор е на трудовите: Толковен речник на македонскиот јазик, I (2003) и Македонски дијалектен атлас : пролегомена (2008).
Васил Дрвошанов е автор и на поетските збирки: Ронки (1986), Мониста (1995), Постапалка(1998), Дожд (2001), Pâine şi apă (2003, избор поезија во препев на романски јазик), Рој (2008) и Shiu(2012, препев на збирката Дожд на албански јазик).
Добитник е на Наградата „13 Ноември“ што ја доделува Собранието на град Скопје од областа на науката (1993) и на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод 50-годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003).
Reviews
There are no reviews yet.