Азбука на игранка
Автор:
Бранко Прља
Издавач:
Капка |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Азбука на игранка |
Бр. на страни:
80 |
Димензии:
130 x 7 x 170 cm
|
Корица:
тврда
Турбо-Фолк, национализам, политика, шовинизам, турски (сапунски) серии, кич, силеџиство, пренагласен материјализам… ова е само дел од поимите кои преку јазикот на литературата на повеќе или помалку сериозен начин се обработуваат во оваа книга. Во транзициските општества и во тие општества кои допрва ги изградуваат општествените норми каде што се случува премин од еден систем во друг систем на вредности најголемите жртви се децата. Додека не се изградат вистинските вредности, децата се принудени да го голтаат се она што им се сервира преку медиумите и средината, а честопати тоа е негативно, ограничено, ксенофобично, примитивно гледиште на светот и реалноста. Книгава е обид да се укаже на тие појави во општеството и нема илузии дека ќе може да ги смени, но луѓето може да се сменат, а децата ќе го следат примерот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.