Баба
Автор:
Луан Старова
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Баба |
Бр. на страни:
243 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Новиот роман Баба на Луан Старова, прозаист со големо меѓународно реноме и бездруго еден од најзначајните книжевни автори како на македонски така и на албански јазик, го разбира и систематски го истражува феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата.
За Луан Старова, инспириран од ликот на неговата баба Хазбије ан’м, жената – или ако сакате: Жената! – е единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации, одгатка и средиште на мистеријата која филозофот на културата Х. Г. Гадамер ја означи со синтагмата „фузија на хоризонтите“.
Со тоа е даден и одговор на прашањето што си го поставува Хазбије: нејзиниот свет, нејзината татковина е светот што таа овозможи да се создаде, светот што без неа никогаш не ќе беше можен, светот во кој се сочувани и нераскинливо поврзани во вистинска фузија на хоризонти нејзините светови!
Ферид Мухиќ
Оценки
Сѐ уште нема оценки.