Белегот на сите нешта

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: The signature of all things | Num. of pages: 560 | Dimensions: 13×20 | Cover: мека

Величествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење. Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век. Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот. Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.

Price: 650 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Белегот на сите нешта

Category:
SKU: 978-608-243-499-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Белегот на сите нешта”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in