Белешки 88 – 014

Publisher: Авант прес | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Белешки 88 - 014 | Num. of pages: 187 | Dimensions: 21 см | Cover: /

„Импресионира начинот на кој сета ерудиција и огромните интердисциплинарни познавања собрани во оваа книга, авторот ги држи под контрола, без претенциозност, и ги усогласува со основната тема која од почеток до крај е – архитектурата! Теориски извонредно втемелена, методолошки оригинално и ефектно конципирана, книжевно возбудлива, естетски прочистена и уверлива, оваа книга претставува вистинско ремек дело за архитектурата, значаен прилог за најезиното автентично разбирање, со нагласен персонален печат и импресивни проблемски синтези.“ акад. Ферид Мухиќ „Силна когнитивна енергија во ова филозофско-архитектонско дело му е посветена на овој херојски период од историјата на архитектурата, уметноста и на културата, модернизмот и постмодернизмот, нивната генеза, тенденции и консеквенции по човекот и по животот. Тука авторот сосема суптилно ни дава до знаење дека културата и човекот се само два аспекта на едно исто битие. И токму од оваа позиција тој ја развива својата мисловна градба дејствувајќи многу повеќе како морален подвижник, отколку како ловец на спектакуларни визури или, пак, прагматичар во која било профитерска смисла. Во таа чудесна мисловна катедрала посветена на човекот, просторот и на животот, авторот сака да експериментира со формата, па, напати, внесува драмски и поетски структури акцентирајќи одредени сегменти, кои имаат посебно значајна магнитуда за прашањата на хуманоста и на почитувањето на традицијата.“ Александар Станковски

Price: 500 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Авант Прес

Report an abuse for product Белешки 88 – 014

Category:
SKU: 978-608-4823-16-2

Questions and Answers

You are not logged in