Без поздрав : трагедија на манири

Original title: French exit : a tragedy of manners | Num. of pages: 199 | Dimensions: 21 | Cover: /

Неверојатен, мрачен, комичен роман за една богата вдовица и нејзиниот син кои бегаат во Париз по финансискиот распад што го доживуваат во Њујорк Франсес Прајс, вдовица, посесивна мајка и познат лик меѓу богатите во Апер Ист Сајд, се наоѓа во незавидна положба – таа и нејзиниот возрасен син, Малком, се пред банкрот. Принуден да ја дели нивната судбина е и стариот мачор, Малиот Френк, во чие тело Франсес верува дека живее духот на нејзиниот покоен сопруг, озлогласениот и неморален адвокат Френклин Прајс. Франсес и Малком одлучуваат да се преселат во Париз, оставајќи ги сиромаштијата и отпадништвото зад себе. Но наместо да најдат оддишка, таму уште повеќе доаѓаат до израз нивните самоуништувачки нагони. Група невообичаени ликови служат да ја истакнат пораката на книгата – срамежливиот приватен детектив, јасновитката без животна цел, семејниот лекар и продавачот на вино. Без поздрав е невообичаена „трагедија на манири“, која изобилува со елементи на пародија. Само Патрик Девит успева толку мајсторски да го исмее високиот сталеж и трогателниот однос меѓу мајката и синот. „Модерна приказна, сатира за една безгрижна вдовица која трага по совршеното себежртвување... Додека ја читаме книгата, веселиот и опуштен надреализам на Девит прави да ја доживееме како жизнерадосна луда приказна, исто како и нејзините ликови.“ Њујоркер

Price: 400 ден

4 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Без поздрав : трагедија на манири

Categories: ,
SKU: 978-608-230-716-9

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Без поздрав : трагедија на манири”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in