Биологија на верувањата
Автор:
Брус Х. Липтон
Издавач:
Топер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
The biology of belief |
Бр. на страни:
238 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Оваа книга засекогаш ќе го промени вашето мислење за вашето размислување. Новите научни откритија за биохемиските ефекти на работата на мозокот покажуваат дека нашите мисли влијаат на сите клетки во нашето тело. Авторот на книгата, угледен клеточен биолог, прецизно ги опишува молекуларните патишта по кои се случува тоа. Користејќи едноставен јазик, илустрации, хумор и секојдневни примери, тој ни покажува дека новата наука епигенетика предизвикува револуција во нашето сфаќање за врската меѓу мозокот и материјата и за длабоките последици што ги има таа врска во нашиот личен живот и во колективниот живот на нашиот вид.
„Конечно, имаме уверливо и лесно разбирливо објаснување за начинот на кој нашите емоции го управуваат генетскиот израз! Треба да ја прочитате оваа книга за навистина да сфатите дека не сте жртва на сопствените гени, туку имате неограничен капацитет за живот што обилува со мир, среќа и љубов“.
-Јозеф Меркола, доктор остеопат
Оценки
Сѐ уште нема оценки.