Бог и рокенрол
Author:
Монах Арсениј
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
Бог и рокенрол |
Num. of pages:
96 |
Dimensions:
/
|
Cover:
мека
Сеќавања и извадоци од дневникот на еден монах за неговиот сакан и најдобар пријател од младоста, покојниот сликар и дизајнер Душан Герзиќ – Гера и уште по нешто за Бога, душата, Црквата, современата уметност и денешното време.
Душан Герзиќ Гера e еден од најталентираните белградски ликовни уметници од крајот на 20 век. Има работено и како графички дизајнер (омоти на плочи…) за музички групи како Хаустор, Електрични Оргазам, Идоли, ЕКВ. Еден од првите уметници во бившата држава, кој се занимава со сликање по тело, а ги има сликано телата на Соња Савиќ, Марина Перазиќ, како и членовите на ЕКВ за нивниот албум Екатерина Велика од 1985 година.
Книгата зборува за одломки од младоста на отец Арсениј со особен акцент на животот проживеан со својот најдобар пријател Душан Герзиќ – Гера, во времето кога носачите на новиот дух на културата се рокенрол новорастечките групи Идоли, ЕКВ и сл.
Тој период е почетокот на животната приказна на о.Арсениј. Богати и екстра талентирани млади луѓе земаат сè што може да им понуди тогашен Белград, се празнат максимално и не наоѓајќи утеха странствуваат во новиот Вавилон: Њујорк ги пречекува со раширени канџи… но таквиот живот полека си ги наплаќа своите долгови. Малото емигранско друштво почнува да го смалува својот број. Умираат од сида, предозираност, хепатит, самоубиство…во тешки агонии…
Застарашувачки редови на искреност за силната опојност на дрогата, сексот и рокенролот, за огомна талентираност и желбата за достигнување на врвот, ја потресуваат душата на оној што тоа го гледа и чита од еден друг агол, од сегашно време.
Reviews
There are no reviews yet.