Бродот. Конзархија

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Бродот. Конзархија | Бр. на страни: 203 | Димензии: 20 | Корица: /

Бродот. Конзархија е третиот роман на Томислав Османли, еден од најљубопитните автори на македонската книжевна сцена, кај кој игриво се преплетуваат интересите за книжевноста, филмот, драмата и стрипот.
Бродот. Конзархија е дистописки роман од средината на XXI век, кој се обидува да ги открие својствата на новото прагматично време полно со симулакруми, со лажни стварности, кое во крајна линија и самото ќе се покаже како време на омасовени илузии и општи и лични прелаги. Во тоа време, покрај отуѓените карактери на својата негативна утопија, Османли го открива носталгичниот човек проектиран во блиската, отуѓена и хипер-меркантилна иднина.
Романот претставува продолжение на интересот на авторот за феноменот на играта на времето, на вистината, на реалноста и на илузијата, на симулакрумот, на холографот како надвладеана реалност... Авторот пишува за судбинските вредности и детерминанти, и повторно го става во фокус човекот – судбински или пак со игра на случајот – фрлен во хераклитовската река токму на свиоците од најбрзите, неизвесни, гранични струи на историјата...
Во време на зголемената понуда на идеолошките утопии, Османли во својот роман книжевно уверливо: релјефно, фабуларно, духовито и критички запловува во својата визија за иднината на овој дел од еден футуристички свет.

Цена: 350 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Бродот. Конзархија

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-497-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Бродот. Конзархија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in