Бушидо

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: / | Димензии: / | Корица: мека

Бушидо е највлијателната книга некогаш напишана за јапонскиот пат на самоурајот. Книгата има огромен успех во Јапонија и ширум светот – лектира на многу влијателни личности, вклучително и на претседателите на САД, Теодор Рузвелт и Џон Кенеди. Современите форми на бушидо сè уште се користат во социјалната и економската организација на Јапонија.

Бушидо се користи како сеопфатен термин за сите кодови, практики, филозофии и принципи на културата на самураите.

Постојат седум основни правила на Бушидо: правда, храброст, добронамерност, почит, искреност, чест и лојалност. Овие седум вредности создаваат систем на верувања уникатен за јапонската филозофија и култура што е широко следен денес.

Иназо Нитобе, еден од најистакнатите јапонски научници, темелно ја истражува секоја од овие вредности и објаснува зошто тие се разликуваат од западните вредности. Сè додека не ја разберете филозофијата зад етиката, нема целосно да сфатите што значи Бушидо.

Седумте доблести на Бушидо се:
Праведност
Бидете искрени во текот на вашите односи со сите луѓе. Верувајте во правдата, не онаа што доаѓа од другите луѓе, туку од себеси…

Херојска храброст
Да се криеш како желка во школка не е воопшто живеење. Но херојската храброст не е слепа ами интелигентна…

Добронамерност, сочувство
Вистинскиот воин развива моќ што мора да се искористи за добро.

Почит
Воините не се почитуваат само поради нивната сила во битката, туку и по односот со другите.

Искреност
Тие не мора да „дадат збор“. Не мора да „ветат“. Зборувањето и правењето се исто дејство.

Чест
Воините имаат само еден судија за чест и карактер, а тоа се тие самите.

Должност и лојалност
Воините се одговорни за сѐ што направиле и за сѐ што кажале и за сите последици што следат.

Цена: 399 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Бушидо

Категории: , ,
ИСБН: 925-548932157-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Бушидо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in