Черчил: моќта на зборовите
Автор:
Винстон Черчил
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Churchill : the power of words |
Бр. на страни:
544 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
За време на неговата државна служба, од која поголем дел ја има поминато на светската сцена, Винстон Черчил ја разбра и ја употреби моќта на зборовите. Во неговите говори, книги и во весниците и списанијата тој брилијантно ги артикулираше своите мислења и ја изложуваше неговата визија за иднината. Особено неговите записи и говори за време на војната со нивниот моќен наративен стил и промислена рефлексија, ги фасцинираа многумина од следните генерации и беа инспирација за нив. Во својата книга, Мартин Гилберт вешто има избрано 200 извадоци од целосниот корпус книги, написи и говори на Черчил, што суштински ја одразуваат неговата животна приказна, неговата кариера и филозофија. Изборот се движи од спомени за неговото детство и школувањето до неговите придонеси кон повеќе од педесетгодишните дебати за социјалната политика, војната и уредувањето на еден подобар свет по 1945 година. Тука гледаме како тој моќно ги користи зборовите за различни намени: да дебатира за морални и политички причини, да се застапува за насоки на дејствување во општествената, националната и интернационалната сфера и да ја раскаже приказната за својот живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.