Чувари на несвесното

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Чувари на несвесното : англиски надреализам | Бр. на страни: 159 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во оваа студија се истражуваат улогата, природата и значењето на англиската надреалистичка група во триесеттите години од XX век. Од записите, преписките и од директните обраќања на Андре Бретон (André Breton), Дејвид Гаскојн (David Gascoyne), Роланд Пенроуз (Roland Penrose), Херберт Рид (Herbert Read), Пол Елијар (Paul Éluard) и Хју Сајкс Дејвис (Hugh Sykes Davies) помеѓу 1932 и 1936 година се забележуваат јазли на една тесна поврзаност, во смисла на размена на искуство и идеи, пријателство и влијание помеѓу англиските и француските надреалисти. Она што е предмет на интерес е како нивното творештво и идеи се интегрираат во пошироката историја на француското, но и на меѓународното надреалистичко движење, како и во рамките на англиската авангарда. Задачата е да се одговори колку е можна двонасочната рецепција на францускиот надреализам во англиската книжевност. Овде ќе се погледнат активностите на англиската надреалистичка група чие јадро е најсилно и најактивно околу подготовките за Mеѓународната надреалистичка изложба во Лондон во 1936 година.

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Чувари на несвесното

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-820-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Чувари на несвесното”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in