Дај две, љубовни!
Автор:
Група автори /
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
130 |
Димензии:
12x20
|
Корица:
мека
„Дај две, љубовни!“ е избор од најубавата љубовна поезија од европски автори, од најстари времиња до денес. Изборот го направија 40-ина македонски и странски писатели специјално за оваа пригода. Овие познати поети, раскажувачи, есеисти, романсиери, преведувачи, во овој проект имаа можност да одберат по две омилени песни во стих или во проза. Темата беше најблагородната, љубовта. Преку оваа антологија во раце ќе ги имате најромантичните и омилени песни на многу генерации, како „Бисера“ на Константин Миладинов, „Барбара“ на Жак Превер, „Не давај се Инес“ на Арсен Дедиќ, „Газела за очајната љубов“ на Лорка, „На една минувачка“ од Шарл Бодлер...
Questions and Answers
You are not logged in