Деконструкција на ликот
Author:
Ранко Младеноски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Деконструкција на ликот |
Num. of pages:
270 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Оваа книга претставува современа анализа на ликот, како еден од основните раскажувачки елементи, и тоа од аспект на неговата семантичка дезинтеграција и морална деградација. „Деконструкција на ликот“ обработува современа проблематика во рамките на теоријата на литературата и мошне умешно и многу солидно ја покажува нејзината примена врз конкретен белетристички материјал од македонската современа книжевност – прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски. „Ранко Младеноски под насловот Деконструкција на ликот остварил кохерентен, читлив, љубопитен, аналитичен и резултантен филолошки труд во кој покажува одлично владеење со теориската терминологија од наратолошки тип, детално познавање на состојбата на македонската литературна критика по однос на предметното прашање, како и способност за теориски опис на конкретен белетристички материјал со умешност за изведување теориски заклучоци кои придонесуваат за заокружување на типолошката слика на современата македонска книжевност.“ (Проф. д-р Венко Андоновски)
Questions and Answers
You are not logged in