Децата на Волга

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Дети мои | Бр. на страни: 480 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Во далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста. Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга. Нивната љубов не може да им избега на настаните што со себе ги носат револуцијата и основањето на Германската република на Волга. Книга во која се прикажани и љубовта, и смртта, и историјата, и политиката, и војната, и создавањето… Книга во која магичниот реализам се среќава со суровата руска реалност, на бреговите на моќната река Волга, но и пошироко. Ова е вториот и долгоочекуван роман на Гузел Јахина, најфалената дебитантка во поновата историја на руската литература.

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Децата на Волга

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-444-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Децата на Волга”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in