Џон Хопкинс: Атлас на човечката функционална анатомија
Со повеќе од 200.000 продадени копии, оваа книга е докажан и стручен извор на информации за човечкото тело, наменето како за студентите по медицина од сите нивоа така и за обичните читатели што сакаат да знаат повеќе за човечката анатомија. За разлика од претходното, во ова ревидирано и проширено издание се понудени повеќе детали разработени со помош на 226 слики во боја, кои ги опишуваат сите органи и системи во човечкото тело.
Сликите се изработени од реномираниот медицински уметник Леон Шлосберг. Тој предава уметност применета во медицината на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Има дизајнирано многубројни биолошки наставни помагала, вклучувајќи и два широко употребувани скелетни модели.
Текстот, распореден во 29 поглавја, напишан е од повеќе професори при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, една од најпознатите светски медицински институции. Уредувач на текстот е проф. д-р Џорџ Д. Зуидема, директор на Одделот за хирургија при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Тој е, воедно, заменик-проректор за медицински прашања и почесен професор по хирургија на Универзитетот во Мичиген.
Ова издание на Атласот вклучува седум нови поглавја и 16 нови слики, засилувајќи ги деловите во кои се третираат аортата, црниот дроб, тимусот, дојките, простатата и килата. Друг новитет е спектакуларната двострана и детална слика во боја на внатрешната машка анатомија, од глава до бутови. Како и во претходните изданија, описот и објаснувањето на секој дел од анатомијата се напишани од експерти во соодветните области. Последното поглавје нуди анатомски поглед базиран на најновата технологија за скенирање.
На крај, може да се заклучи дека овој совршен водич во анатомијата на човечките органи, првично создаден за потребите на студентите, може да биде литература и за секој нестручен читател што сака да разбере како функционираат човечките органи и што се случува кога не работат, поради својата јасност и едноставност.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
2 reviews for Џон Хопкинс: Атлас на човечката функционална анатомија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –