Димензии на бајките (Мрак и светлина)

Publisher: Авант Прес | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Димензии на бајките (Мрак и светлина) | Num. of pages: 176 | Dimensions: 25 | Cover: /

Фрчкоска прави пресек на теориите за потеклото, структурата и проникнувањето на бајките во фолклорното творештво преку современието, главно низ психоаналитиките толкувања и родовите перспективи на авторите како Владимир Проп, Жак Лакан, Јулија Кристева, Сандра Ли Бартки, Славој Жижек до современата инструментализацијата на фантазмот на бајката како средство за идеолошко спознавање. „Бајките се есенција на современието. Тие се негова културолошка кристализација стокмена низ археликовите на принцези, принцови, омразени ќерки и истерани синови, џуџиња змејови или, денеска, нивните современи варијанти. Како литераризирани идеолошки приказни, преку теми за субјектот кој го препознава своето место во социјалните релации, едуцираат за правилата и општествената улога. Бајковниот фантазам денес, во контекст на идеолошкото толкување на реалноста, е подложен на неограничени избори и нови трансформации. Во ваков контекст тој сепак ги задржува и двете контроверзни тензии: да еманципира или да конзервира. Неговата употреба лежи во одлуката за тоа кој аспект ќе се презентира во образовниот и медумски сегмент што, секако, е политичка одлука. Со тоа се потврдува и нагласува важноста на улога на бајката во образовниот процес на децата, интегритетот на нивната личност и вредности кои ги восприемаат. Текстот поминува низ тие волшебни метаморфози на ликовите и наративите и се обидува да ги долови логиката и опциите на еманципаторските, конзервативните па и експерименталните трансформации“

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Авант Прес

Report an abuse for product Димензии на бајките (Мрак и светлина)

Category:
SKU: 978-608-4823-21-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Димензии на бајките (Мрак и светлина)”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in