Динамика на пазарот : нова финансиска економија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Dynamics of markets | Бр. на страни: 276 | Димензии: 24 см | Корица: /

Оваа книга ја објаснува историјата на настаните што довеле до најголемата економска катастрофа во 21 век. Дадени се емпириски докази за нестабилноста на финансискиот пазар во услови на негова либерализација, како и за историјата на ширење на американскиот долар низ целиот свет. Прикажан е модел што ги дава границите поставени од Централната банка за стабилизирање на девизните средства во ерата на златниот стандард, илустративно покажувајќи го ефектот добиен од регулативите. Џозеф Л. Меколи е професор по физика на Универзитетот „Хјустон“ и е член на советодавното тело при Форумот за еконофизика. Има придонес на повеќе научни полиња меѓу кои се статистичката физика, теоријата на суперфлуиди, нелинеарната динамика, космологијата, еконофизиката и финансиските теории. Тој го отвора прозорецот во самореферентниот свет на економијата за да влезе свеж воздух од математичко-физички гледишта засновани на економската историја и на здравиот разум. Негова основна порака за иднината на економијата по глобалната економска криза е дека „не постои статистички доказ за ’невидливата рака’ на Адам Смит“, но дека раката навистина постои и мора да се разбере како непостојана и далеку од состојбата на еквилибриум. Самата книга поттикнува на размислување и буди интерес кај финансиските теоретичари, кај трговците, економистите, физичарите и кај инженерите, истовремено водејќи го читателот до границите создадени од низата современи анализи.

Цена: 1990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Динамика на пазарот : нова финансиска економија

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4535-98-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Динамика на пазарот : нова финансиска економија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in