Дневник 1953-1958

Publisher: Бегемот | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Dziennik 1953-1958 | Num. of pages: 675 | Dimensions: 190x120 | Cover: тврда

„Што е дневникот ако не особено: приватно пишување, правено за лична употреба? Таа различна појдовна точка на дневникот го разликува од сите други видови – и тоа колку важен вид! Книжевноста има двојна смисла и двоен корен: се раѓа од чиста, уметничка контемплација, од некористољубив стремеж кон уметноста; но, исто така, е лична пресметка на авторот со луѓето, орудие на неговата борба за духовен бит. Тоа е нешто што созрева во осаменост, творење заради самото творење; но, исто така, е и друштвена работа, свое наметнување на луѓето, уште повеќе, јавно создавање на себеси со помош на луѓето. Произлегува од копнежот по Убавината, Доброто, Вистината; но, исто така е и жед за слава, значење, популарност, триумф. Писателскиот дневник, изразувајќи го другиот, личен аспект на книжевноста, е дополнение на чисто уметничкото дело. И полна слика за творештвото ќе добиеме дури кога ќе го согледаме авторот во овие две димензии: како несебичен, објективен уметник и како човек што се бори за себе меѓу луѓето.“ „Дневник 1953–1958“ е првиот том од двотомните дневнички записи на Витолд Гомбрович. Исклучително дело што нема споредба во полската книжевност и што веќе повеќе од половина век не ја загубило својата актуелност. Од личните превирања на Витолд Гомбрович со целиот свет настанал дневник што ги преминува сите можни граници, што поведува премолчувани теми, на ироничен, циничен и сатиричен начин ги раскажува судбините на авторот, кој во дискусија со себе поведува дијалог како со разни струи што се појавуваат во хуманистиката (егзистенцијализмот, марксизмот, феноменологијата, структурализмот), така и со традицијата на полската култура. Опус магнум благодарејќи на кој Гомбрович стекнал светско признание.

Price: 700 ден

18 in stock

Compare
Sold By Бегемот

Report an abuse for product Дневник 1953-1958

Category:
SKU: 978-608-4869-59-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Дневник 1953-1958”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in