Дневник (1966-1971)

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2003
Оригинален наслов: Tagebuch | Бр. на страни: 406 | Димензии: 140х200 | Корица: мека

Макс Фриш е еден од најпознатите швајцарски драмски автори и раскажувачи на дваесеттиот век. Дневник (1966–1971) е дело од висок ранг во
кое авторот на фасцинантен начин комбинира различни текстови: делумно фиктивни, делумно автобиографски, на тој начин креирајќи нова книжевна форма. Делото вклучува серии прашалници поврзани со бракот, жените, пријателството, смртта (Дали сте сигурни дека навистина ве интересира опстанокот на човечкиот род, дури и тогаш кога вас и вашите
познајници ќе ве нема? Дали вие би го измислиле бракот? Сакате ли да бидете на местото на вашата жена? До која возраст би сакале да живеете? Колку просечно живеете со еден партнер додека не исчезне вашата искреност сама по себе, па дури и во тишина веќе не се осмелувате да мислите на она што би можело да го исплаши партнерот?), голем број кратки раскази, импресии од патувања на авторот во странство, сеќавања на средби со Бертолд Брехт, извадоци од весници кои поттикнуваат на размислување, себеиспитување... Проценет како ремек-дело од германските критичари, Дневник (1966-1971) е дело чијашто вредност е неуништлива.

Цена: 190 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Дневник (1966-1971)

Категорија:
ИСБН: 9989-851-99-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дневник (1966-1971)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in