Дневник (1966-1971)

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2003
Original title: Tagebuch | Num. of pages: 406 | Dimensions: 140х200 | Cover: мека

Макс Фриш е еден од најпознатите швајцарски драмски автори и раскажувачи на дваесеттиот век. Дневник (1966–1971) е дело од висок ранг во
кое авторот на фасцинантен начин комбинира различни текстови: делумно фиктивни, делумно автобиографски, на тој начин креирајќи нова книжевна форма. Делото вклучува серии прашалници поврзани со бракот, жените, пријателството, смртта (Дали сте сигурни дека навистина ве интересира опстанокот на човечкиот род, дури и тогаш кога вас и вашите
познајници ќе ве нема? Дали вие би го измислиле бракот? Сакате ли да бидете на местото на вашата жена? До која возраст би сакале да живеете? Колку просечно живеете со еден партнер додека не исчезне вашата искреност сама по себе, па дури и во тишина веќе не се осмелувате да мислите на она што би можело да го исплаши партнерот?), голем број кратки раскази, импресии од патувања на авторот во странство, сеќавања на средби со Бертолд Брехт, извадоци од весници кои поттикнуваат на размислување, себеиспитување... Проценет како ремек-дело од германските критичари, Дневник (1966-1971) е дело чијашто вредност е неуништлива.

Price: 190 ден

5 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Дневник (1966-1971)

Category:
SKU: 9989-851-99-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Дневник (1966-1971)”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in