Дневникот на едно неверство
Автор:
Емилиос Солому
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Emerologio mias apistias |
Бр. на страни:
256 |
Димензии:
140х210
|
Корица:
/
ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА КНИЖЕВНОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Јоргос Дукарелис, археолог и професор на Универзитетот во Атина, дваесет години по археолошките ископувања што го прославиле и засекогаш му го смениле личниот и професионалниот живот, повторно доаѓа на островот Куфониси, на Малите Киклади. Тој сака да оствари уште едно ископување, но овој пат тоа треба да биде спроведено во внатрешноста на неговата душа. На својата прошетка по пределите каде што некогаш престојувал, низ спомените, меѓу невидливите нишки што го сврзуваат со три жени кои доаѓаат од различни временски периоди – од многу далечното минато, од неодамнешното време и од сегашноста – чекорејќи под сонцето на Егејот, помеѓу карпите, по штурата неплодна земја, по морето и бескрајното синило, тој ќе се обиде да си го среди животот потсетувајќи се на сите драматични настани од она судбоносно лето...
1 оценка за Дневникот на едно неверство
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –