Добра земјо, лажат
Автор:
Јошуа Адонај Елохим
Издавач:
Мартина |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Добра земјо, лажат |
Бр. на страни:
187 |
Димензии:
21х13,5
|
Корица:
тврда
Приказните се редат на олтерот на историјата!
Има многу приказни големи и мали, добри и лоши, дамнешни и скорешни, раскажани, прераскажани, недораскажани, погрешно раскажани за потребите на ситните души што ја играат улогата на богови на земјата, живејќи во голема заблуда за потребите на антихристот. Приказни што допрва треба да се раскажат, апокалиптични приказни, приказни што менуваат, што ослободуваат, што спасуваат. Но и приказни што заробуваат, што нудат лажни вредности.
Ќе зборуваме за многу приказни, но сакам уште на почетокот да напомнам дека се што ќе биде кажано, напишано, не се однесува против ниту еден народ, нација, држава, не се однесува против ниту една функција, титула, организација. Затоа уште на самиот почеток сакам да им одадам голема почит на сите гореспоменати. Почит затоа што токму тие се првите жртви на политичките, академските, новинарските, медиумските и на сите други неморални проститутки што му ја продале душата на антихристот, на неговите архитекти на Новиот светски поредок, за ситни минливи материјални задоволства.
Приказни што ја милуваат душата, приказни поради кои душата станува возвишена, приказни што и го олеснуваат престојот на душата во земскиот затвор, човековото тело.
Questions and Answers
You are not logged in