Душевен мир
Автор:
Ахмед Хамди Танпинар
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Huzur |
Бр. на страни:
439 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
Највеличествениот роман некогаш напишан за Истанбул.
Романот „Душевен мир“ на класикот Ахмед Хамди Танпинар досега е преведен на 30 јазици ширум светот, и со право, бидејќи неговата универзалност не познава граници. Се работи за првиот роман во турската литература кој дискутира за проблемот на вестернизација на турското општество преку класната совест и непремостливите разлики во неговото суштинско ткиво. Во ова бравурозно дело авторот ги доловува деталите преку колаж од различни ситуации и незаборавни карактери, кои ги доловува до најмалиот психолошки детаљ. Конфликтот на Западот и истокот, традиционалното и новото, индивидуалноста наспроти социјалната одговорност, ова се темите кои се прекршуваат во умот на главниот луик Мумтаз, кој мора со нив да излезе на крај, бидејќи тој е претставник на генерацијата помеѓу. Растејќи со траумите од војната, тој не може да најде соодветни одговори на прашањата од егзистенциална природа ниту во религијата, ниту во љубовта. Токму затоа Танпинар остава отворен крај за да можат читателите барем за момент да бидат вистинските одгатнувачи на фаталната вистина за животот, кој на овој или оној начин крие безброј тајни и искушенија низ кои треба да се помине.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.