Двете принцези
Сите девојчиња од мали сонуваат да станат принцези, да имаат убави фустани, златни круни и свој замок. Маја и Неза, двете главни хероини во овој роман, се во потрага по истото – свое царство во кое ќе владеат тие и ќе го изградат совршено – како што можат само децата.
Низ бројни авантури и незгоди, тие две сфаќаат колку е тешко да се биде принцеза во ова модерно време. Вистинските принцези денес не се плашат да ги фрлат круните и да си ги извалкаат своите фустани, а наместо злато, поседуваат богатства кои се многу повредни...
„Две принцези“ е авантуристички роман наменет за деца, раскажан динамично со што се задржува нивното внимание.
Низ една забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.
Во дијалозите на двете девојчиња е прикажано колку е бескрајна детската фантазија, а во нивните дела, детската храброст. Во свет каде што технологијата веќе го окупира и детството, тие две ја откриваат природата – со сите нејзини убавини, но и опасности.
1 оценка за Двете принцези
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –