Еден ден
Author:
Дејвид Николс
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
One day |
Num. of pages:
396 |
Dimensions:
140 х 205
|
Cover:
/
Прекрасна книга - мудра, неизмерно комична и досетлива, а истовремено длабока, сочувствителна и наместа неподносливо тажна.Оваа горчливо-слатка приказна започнува на 15 јули, на Свети Свитин, 1988 г., кога Декстер Мејхју и Ема Морли, и двајцата студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите. Поминуваат една „баш убава ноќ“ заедно, и утредента треба секој да тргне по својот пат. Но и покрај неизвесната иднина и спротивните карактери - тој, главен фраер што прераснува во водителска ѕвезда на идиотски тв-емисии; таа, несамоуверена интелектуалка што работи во мексикански ресторан и сонува да стане писателка - стануваат најдобри пријатели, а иднината на нивната обострана, но поттисната љубов е сè понеизвесна. Нивниот однос ни се открива низ фотографска секвенца од нивните животи на истиот ден - 15 јули - секоја година во наредните дваесет години. Низ подеми и падови, смеа и кавги, надежи и пропуштени шанси, ја следиме приказната за двајца млади што созревајќи се помируваат со природата на нивната љубов, но и на самиот живот.Каде ќе бидат на овој ден догодина? И наредната година? И годината потоа? Дваесет години, две души, ЕДЕН ДЕН. Декс и Ем, Ем и Декс.„Совршена книга за болната празнина меѓу она што некогаш сме биле и она што сме сега... Извонредна и несекојдневна љубовна приказна.“ - Тони Парсонс
2 reviews for Еден ден
Questions and Answers
You are not logged in
Radmila Stefanovska (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Ocekuvav mnogu povekje od knigava..sepak e solidna