Еден живот
Автор:
Итало Звево
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Una vita |
Бр. на страни:
331 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Итало Звево (1861-1928) е еден од најзначајните италијански писатели на XX век. Во своите романи дава потресна слика за декаденцијата, граѓанскиот човек и космополитскиот амбиент на родниот Трст. Во неговото творештво, од една страна, доминираат позитивизмот, дарвинизмот и марксизмот, а од друга страна негативизмот на Шопенхауер, Ниче и Фројд. Ги зафаќа длабоките слоеви на свеста и настапува како фројдовски интерпретатор. Во „Еден живот“ е карактеристична психологијата на главниот лик, но и песимизмот кој е типичен за Звево. Карактеристично е и чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни, пред сѐ, во сонот отколку да се соочи со реалноста. Во овој роман Звево опфаќа една фаза од кризата на аристократското општество: онаа во кое човекот, иако чувствувајќи се откорнат од една реалност што не успева да ја сфати и владее, изолиран од општеството што го чувствува како непријател, сепак ја зачувува двосмислената верба: вербата во сопственото „јас“ што тој, со способноста за илузија, ја вознесува и ја изобличува според еден идеален модел. Овој роман, дури и преку наративните начини од реалистички тип, востановува една форма на реализам: превртен реализам, т.е. анализа на општеството однатре, преку кризата на вредности, преку свеста за личноста што таквото општество го претставува: двоумењето на главниот лик Алфонсо Нити, неговата совест, залудното следење на слични идеали, поразот од романтичниот начин на сфаќање на животот и неспособноста да се создадат нови вредности, кои се лошите нешта на едно „цело општество на залез“.
Questions and Answers
You are not logged in