Еден живот

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Una vita | Num. of pages: 331 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Итало Звево (1861-1928) е еден од најзначајните италијански писатели на XX век. Во своите романи дава потресна слика за декаденцијата, граѓанскиот човек и космополитскиот амбиент на родниот Трст. Во неговото творештво, од една страна, доминираат позитивизмот, дарвинизмот и марксизмот, а од друга страна негативизмот на Шопенхауер, Ниче и Фројд. Ги зафаќа длабоките слоеви на свеста и настапува како фројдовски интерпретатор. Во „Еден живот“ е карактеристична психо­ло­гијата на главниот лик, но и песимизмот кој е типичен за Звево. Карактеристично е и чувството на пораз и неуспех на индивидуата во нејзините двосмислени односи со општеството – многу корумпирано и без идеали, општество што го притиска и од кое и таа е дел: во кое истовремено е и жртва и угнетувач, предизвикан да се засолни, пред сѐ, во сонот отколку да се соочи со реалноста. Во овој роман Звево опфаќа една фаза од кризата на ар­исто­кратското општество: онаа во кое човекот, иако чувствувајќи се откорнат од една реалност што не успева да ја сфати и вла­дее, изолиран од општеството што го чувствува како непри­ја­тел, сепак ја зачувува двосмислената верба: вербата во соп­стве­ното „јас“ што тој, со способноста за илузија, ја вознесува и ја изобличува според еден идеален модел. Овој роман, дури и преку наративните начини од реалис­тич­ки тип, востановува една форма на реализам: превртен реа­ли­зам, т.е. анализа на општеството однатре, преку кризата на вредности, преку свеста за личноста што таквото општество го претставува: двоумењето на главниот лик Алфонсо Нити, неговата совест, залудното следење на слични идеали, поразот од романтичниот начин на сфаќање на животот и неспособ­носта да се создадат нови вредности, кои се лошите нешта на едно „цело општество на залез“.
Rated 5 out of 5 based on 1 customer rating

Price: 300 ден

3 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Еден живот

Category:
SKU: 978-608-252-025-4

Questions and Answers

You are not logged in