Економика на земјоделството и агробизнис

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Agricultural Economics and Agribusiness | Num. of pages: 544 | Dimensions: 155x235 | Cover: /

Во оваа книга се разгледува структурата и организацијата на земјоделскиот сектор, како и основните микроекономски и макроекономски принципи што важат во земјоделството. Економските принципи се користат како средство преку кое му се демонстрира на читателот теоријата и ја прави истата поразбирлива кога ќе се примени во практика. Авторите ги презентираат основните економски концепти што се применуваат во земјоделството на јасен и на разбирлив начин.
Гејл Л.Крејмер
е професор на Катедрата за економика во земјоделството и за агробизнис при Универзитетот во Арканзас. Тој е еден од основачите на меѓународното здружение за агробизнис-менаџмент, основано во 1990 година.
Кларенс В.Јенсен
е професор на Катедрата за економика во земјоделството и за економија при државниот Универзитет во Монтана. Има работено во повеќе постдипломски комитети како претседател или како член.
Даглас Д.Саутгејт
помладиот е професор по економика на земјоделстото на државниот Универзитет во Охајо. Има раководено со Центарот за меѓународни студии и со Програмата за јужноамерикански студии при истиот Универзитет.
Стручните зборови и термини во текстот многу лесно се пропознаваат поради нивната закосеност и задебеленост. На крајот од секое поглавје тие зборови и термини се повторно наведени за да се потенцира нивната важност. Поглавјата последователно ги обработуваат следниве теми: земјоделски и прехранбен систем во САД, однесување на потрошувачите и побарувачка, одлуки што ги донесува производителот, производствени трошоци, понуда и одредување на цената, пазар и конкуренција, макроекономија, финансиската состојба во земјоделството, маркетинг на земјоделски производи, природни ресурси, рурален развој, меѓународна економија, улогата на земјоделството во економскиот развој, глобална понуда и побарувачка на храна.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 2450 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Економика на земјоделството и агробизнис

Category:
SKU: 978-608-229-310-3

1 review for Економика на земјоделството и агробизнис

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in