Еротизам

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: L’Érotisme / Georges Bataille | Бр. на страни: 288 | Димензии: 15×23 cm | Корица: мека

„Еротизам“ (1957), едно од неколкуте дела на Жорж Батај кои биле објавени за време на животот на авторот, е специфичен спој од антрополошко истражување, социолошка студија и филозофска рефлексија. Ваквиот сеопфатен пристап и изборот на темата се карактеристични за Батај: негова тенденција е да промислува недоволно разгледувани проблеми и да изгради оригинален пристап кон нив. Следејќи ги големите антрополози од крајот на XIX и почетокот на XX век, особено Клод Леви-Строс, Марсел Мос и Џејмс Фрејзер, во оваа книга Батај се обидува да изгради сопствено толкување на комплексните механизми кои ги поврзуваат сексуалноста и смртта. Студијата „Еротизам“ може да се чита како обид на Жорж Батај да ги надмине антрополошките и психоаналитичките толкувања на телесната љубов. За таа цел, авторот се впушта во анализа на моделите на митската мисла, ритуалните церемонии и сакралните забрани. Механизмите на несвесното што ги открива се, всушност, модуси на мислење кои се повторуваат низ историјата и важат и за современиот човек. Ваквиот пристап му овозможува на Батај да се издвои од доминантните структуралистички и егзистенцијалистички теориски модели и да направи методолошко свртување кон концепцијата која подоцна ќе биде позната како пост-структурализам.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди

Questions and Answers

You are not logged in