Енциклопедија на естетиката и на теоријата на литературата
Автор:
Јуриј Б. Борев
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Энциклопедия эстетики и теории литературы |
Бр. на страни:
674 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
/
Во оваа Енциклопедија се содржани основните општоприфатени термини и проблемите на класичната теорија на книжевноста и естетиката разработени во светската теориска наука и познатите научни школи во XIX и XX век. Енциклопедијата дава опширни историско-теориски знаења, обработувајќи ја историјата на естетиката, историјата на уметностите и историјата на литературата, но пред сè ги опфаќа популарната терминологија и проблематиката кои се веќе длабоко вкоренети во науката. Објаснети се, исто така, и основните термини и проблеми на многубројните понови книжевни и уметнички критички школи (структурализмот, „новата критика“, семиотиката, рецептивната естетика, деконструкцијата, херменевтиката, наратологијата, реториката). Малку внимание ѝ се дава и на терминологијата на националните источни школи на поетиката (главно заради споредба на тие термини со термините на европската наука). Како што посочува и авторот во предговорот, повеќето книжевнокритички термини се земени од старогрчкиот, латинскиот, англискиот, францускиот, германскиот, шпанскиот, италијанскиот, данскиот, рускиот, арапскиот, јапонскиот, старофранцускиот, старопровансалскиот и древнонордискиот јазик. Мал дел се преземени и од српски, кинески, персиски, турски, велшки и корејски јазик.Авторските дефиниции се дополнети со опсежен референтен материјал – информации за постојните карактеристики во современата наука и дефинирање за истите научни термини, кои ги определува авторот. Преземени се дефиниции од вкупно 120 извори. Со тоа, како што нагласува Ј. Борев, читателот може да добие многустрана информација, која соодветствува на современиот филозофски принцип на „системскиот плурализам“: 1) мрежа од авторските (монистички) дефинирање на основните термини; 2) податоци за дефинирање на истите термини во руската наука; 3) податоци за разбирање на истите термини во светската наука; 4) податоци за термините, што не се прифатени во руската литературна критика, уметничка критика и естетика, но се употребуваат во англиската, француската, германската, јапонската и другите странски национални научни литературнокритички и уметничкокритички школи.
Questions and Answers
You are not logged in