Естетика на возвишеното
Author:
Иван Џепароски
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2008
Original title:
Естетика на возвишеното |
Num. of pages:
267 |
Dimensions:
170х235
|
Cover:
мека
Возвишеното е категорија која во секојдневната комуникација се употребува во смисла на нешто достоинствено, благородно, духовно и морално позитивно. Од друга страна, филозофските и естетичките речници укажуваат на една друга суштествена димензија на возвишеното, при што тоа се определува како она што е отаде сите споредби (што е, апсолутно) големо, било математички во термините на неограничената големина, било динамички во термините на неограничената моќ. Ова е стандардното определување изведено од Кантовата филозофија. Но, возвишеното е повеќедимензионално, тоа е поврзано и за естетиката, но и за етиката, тоа содржи и општо-филозофски и општо-психолошки димензии, тоа може да се толкува и од реторичка и од политичка, и од лингвистичка и од социолошка позиција. Историјата на возвишеното, оттаму, е историја на различни исчитувања, а меѓу нив и на низа погрешни толкувања.
Questions and Answers
You are not logged in