Естетиката на комуникацијата и литературата за деца

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Естетиката на комуникацијата и литературата за деца | Бр. на страни: 166 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Во книгата авторката прецизно одговара на прашањата кои оваа литература ја прават посебна, но не поради намената на читателите – деца, туку пред сѐ поради нејзините естетски, етички и универзални вредности. Во неа се содржани одговорите за тоа што е потребно едно литературно дело „да му се случи“ на читателот. Своите ставови за предметот на нејзиното истражување ги докажува врз примери од светски познатите автори и нивните дела, како што се: Ние врапчињата од Ј. Радичков, Аска и волкот од И. Андриќ, Пинокио од К. Колоди, Шеќерна приказна од С. Јаневски и Хари Потер и Каменот на мудроста од Џ. К. Роулинг.– Речиси сите книги за деца содржат една скриена порака која се однесува на родителите или воопшто на возрасните, а тоа е дека детето е „татко“ на возрасниот човек. Во повеќето книги, како што се „Бескрајната приказна“, „Малиот принц“, како и во книгите за малиот – голем волшебник Хари Потер станува збор, всушност, за способноста на детето да го спаси светот на возрасните, кој се руши постојано поради нивните различни амбиции за пари, моќ, позиција. За среќа, тука се децата кои, со својата невина, чиста душа, имаат волшебна моќ да го обновуваат повторно и повторно светот во кој и тие постојат како негови рамноправни членови, и да нѐ потсетуваат на тоа дека „со срцето подобро се гледа отколку со очите!“ – пишува Виолета Димова за литературата за деца.

Цена: 150 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Естетиката на комуникацијата и литературата за деца

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-074-8

Questions and Answers

You are not logged in