Естетиката на комуникацијата и литературата за деца
Author:
Виолета Димова
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Естетиката на комуникацијата и литературата за деца |
Num. of pages:
166 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Во книгата авторката прецизно одговара на прашањата кои оваа литература ја прават посебна, но не поради намената на читателите – деца, туку пред сѐ поради нејзините естетски, етички и универзални вредности. Во неа се содржани одговорите за тоа што е потребно едно литературно дело „да му се случи“ на читателот. Своите ставови за предметот на нејзиното истражување ги докажува врз примери од светски познатите автори и нивните дела, како што се: Ние врапчињата од Ј. Радичков, Аска и волкот од И. Андриќ, Пинокио од К. Колоди, Шеќерна приказна од С. Јаневски и Хари Потер и Каменот на мудроста од Џ. К. Роулинг.– Речиси сите книги за деца содржат една скриена порака која се однесува на родителите или воопшто на возрасните, а тоа е дека детето е „татко“ на возрасниот човек. Во повеќето книги, како што се „Бескрајната приказна“, „Малиот принц“, како и во книгите за малиот – голем волшебник Хари Потер станува збор, всушност, за способноста на детето да го спаси светот на возрасните, кој се руши постојано поради нивните различни амбиции за пари, моќ, позиција. За среќа, тука се децата кои, со својата невина, чиста душа, имаат волшебна моќ да го обновуваат повторно и повторно светот во кој и тие постојат како негови рамноправни членови, и да нѐ потсетуваат на тоа дека „со срцето подобро се гледа отколку со очите!“ – пишува Виолета Димова за литературата за деца.
Questions and Answers
You are not logged in