Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече

Original title: Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече | Num. of pages: / | Dimensions: / | Cover: тврда

Во 2001 година, Самоков во Порече беше центар на етнолошките и антрополошките случувања. Таму се одржа меѓународен собир посветен на 70-годишнината од теренските истражувања на Ј. Обрембски во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп. Во периодот што следуваше интересот за Порече растеше сѐ повеќе, а материјалите на Ј. Обрембски станаа основа за анализа не само на постојните состојби туку и за следење на процесите, динамиката и промените кај општествените и културните појави. Институтот за етнологија и антропологија својата планирана годишна теренска настава со студентите ја организираше во пределот Порече. Како резултат на теренската настава со студентите, во периодот од 2000 до 2004, а периодично и во годините до денес, во Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси се депонирани неколку стотини часови снимени аудиоматеријали, или околу 4500 страници транскрибирани етнографски и фолклорни материјали. Оваа збирка истражувачки текстови го рефлектираат овој долгогодишен интерес на поголем број етнолози и антрополози од земјата и странство за овој предел и различните аспекти на неговата култура. Истовремено, таа е збогатена со фотографии на Јоже Рехбергер Огрин.

Price: 500 ден

3 in stock

Compare
Sold By Табахон

Report an abuse for product Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече

Categories: ,
SKU: 978-608-6642-6-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Етнолошко и културноантрополошко истражување на Порече”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in