Европа и правото
Ова дело ги следи одот и развојот на западната правна мисла од антиката па сé до сегашноста, низ историјата на правните институции во кои оваа правна мисла се манифестира низ вековите. Временската димензија што е тука посочена е од суштинско значење за разбирање на правната мисла и воопшто на правниот систем. Авторот инсистира на длабоко единство на европското право и покрај сите позитивни разлики што постојат на планот на правото обидувајќи се да ни покаже, не сметајќи ја религијата, до која мера правото, како основен елемент за градба на европските општества, навлегува во општеството, давајќи му интелектуален лик и морални карактеристики.
Автор на книгата е Стиг Стромхолм, почесен професор по приватно право при Универзитетот „Упсала“, Шведска, на кој своедобно бил и ректор. Исто така е претседател на Академијата „Европеја“. Тој преку овој текст нé запознава со заедничкиот прогрес на трите дисциплини: уставниот поредок, граѓанското право и човековите права. Читајќи ја книгата ќе пронајдете суштински одговори на многу прашања што сте си ги поставувале, без разлика дали сте правник или обичен граѓанин што сака повеќе да знае за правниот систем.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Европа и правото
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –