Фабрика на смртта
Автор:
Анджеј Барт
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Fabryka Muchołapek |
Бр. на страни:
171 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
И кога веќе се тврди дека за холокаустот повеќе не може да се напише нешто ново, романот „Фабрика на смртта“ од Анджеј Барт се појави со иновативен начин на пишување за холокаустот. Авторот го води читателот во суптилно интертекстуално патување како сведок на страшните исповеди на луѓето кои се одговорни за трагедијата на Евреите.Анджеј Барт совршено ја претставува една од најконтроверзните фигури на холокаустот, Хаим Мордехај Румковски, ставајќи пред своите читатели сложена дилема – дали стратегијата на помало зло може да се оправда кога станува збор за човечкиот живот? Неговото раскажување создава вознемирувачка и заглушувачка атмосфера која потсетува на „Процес“ и „Замок“ од Кафка. Впрочем, сестрите на Франц Кафка се појавуваат во оваа книга како жртви на холокаустот, депортирани во лоѓанското гето, управувано од Хаим Румковски.Преку романот, освен историјата на лоѓанското гето, Барт дава и слика на градот што сега живее, во негова сенката на минатото – дава необична пара¬лела на обичниот секојдневен живот и страшното минато.
Questions and Answers
You are not logged in