Фактологија
Автор:
Ханс Рослинг
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Factfulness |
Бр. на страни:
321 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Свесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргументи Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори. Ханс Рослинг, професор по меѓународно здравје и човек кој умее да ги натера податоците да пеат, нуди ново, радикално објаснување зошто се случува тоа и ни открива десет инстинкти кои ни го искривуваат светогледот. Според Рослинг и неговите соработници, и покрај сите несовршености, светот е во многу подобра состојба отколку што мислиме. Но кога непрестајно и претерано се грижиме за сѐ наместо да усвоиме светоглед заснован врз факти, знаеме да ја изгубиме способноста да се сосредоточиме на нештата кои ни претставуваат најголема закана. Инспиративна, просветлувачка и полна со анегдоти и трогателни приказни, Фактологија е значајна, суштинска книга која го менува начинот на кој ги гледаме работите околу нас.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.