Фантазмавизија – Скици од Тони Анастасовски
Автор:
Тони Анастасовски
Издавач:
Стрип Квадрат |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Фантазмавизија - Скици од Тони Анастасовски |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
30
|
Корица:
мека
Книгата ФАНТАЗМАВИЗИЈА на Тони Анастасовски има чудесна особина да отвора видик кон некои нови и возбудливи светови - отсонувани светови создадени од материјата на сонот и од граѓата на мечтите. Светови содадени со дејствувањето на раката на уметникот (моторна активност) зад која останува линијата. Од линијата и од нејзиното вознемирено движење (израз и динамика на линијата) тој создава замислени предели (имагинарна топографија). Тој е цртач кој со линијата го исцртува и опкружува она што е сè уште нејасно и непознато, во зачетокот од неговото појавување, со зафат што создава можност за постоење на оние насетени архетипски и митски фигури и формации на несвесното кои така стануваат видливи.
ФАНТАЗМАВИЗИЈА е книга за создавањето на еден имагинарен свет кој има конзистентност и постои како фатаморгана паралелно со нашиот познат свет во даден простор и време. Воедно, тоа е книга за љубовта кон цртањето.
Книгата го поттикнува и ликовниот аматеризам во најдоброто значење на зборот како љубов и посветеност кон уметноста.
Впрочем Тони Анастасовски е еден од најголемите ентузијасти во ликовната уметност кај нас и е пример за пожртвуваност, доследност и истрајност во остварувањето на својата визија. Да се посвети цел живот на уметноста и да се обликува сопствената визија во книга како што е ФАНТАЗМАВИЗИЈА е значаен потфат.
Станува збор и за значаен јубилеј на авторот. Триесет и пет години цртање е долг период на самопрегорно вложување на себе во уметноста и треба да се одбележи. Особено имајќи го предвид специфичното авторско разбирање на уметноста и на задачата на уметникот кое го има Тони Анастасовски.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.