Флуидни времиња
Author:
Зигмунт Бауман
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Liquid Times: Living in the Age in Uncertainty |
Num. of pages:
218 |
Dimensions:
21 cm
|
Cover:
мека
Зигмунт Бауман (1925) е современ полски социолог и влијателен мислител не само на дваесеттиот, туку и на дваесет и првиот век. Тој е (емеритус) професор по социологија на универзитетот во Лидс и на универзитетот во Варшава. Неговите брилијантни согледби за флуидната модерност го изменија начинот на кој размислуваме и на кој го доживуваме современиот свет. Во оваа своја необемна книга, Бауман ги истражува, ги испитува и се обидува да ги објасни изворите и причините за ендемичната несигурност што го обликува животот во еден глобализиран свет и со тоа му дава на читателот краток, но концизен вовед во темите и проблемите загатнати во неговите претходни книги посветени на флуидниот живот и воопшто, на флуидното општество. Автор е на многубројни дела напишани на полски и на англиски јазик. Меѓу најрепрезентативните дела што го илустрираат неговиот интерес во последните години, а достапни на англиски јазик, се: Europe: An Unfinished Adventure (2004), Wasted Lived. Modernity and its Outcasts (2004), Liquid Life (2005), Liquid Fear (2006), Liquid Times: Living in an Age of Uncertainty (2006), Consuming Life (2007), The Art of Life (2008).
Questions and Answers
You are not logged in