Галичица-Национален Парк Македонија

Издавач: ТРИМАКС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Галичица-Национален Парк Македонија | Бр. на страни: 0 | Димензии: 96х66см | Корица: /

Националниот парк Галичица претставува "жариште" на биолошката разновидност во Европа и пошироко. Богатата биолошка разновидност  во Паркот има големо национално, европско и глобално значење. Во Паркот се среќаваат 4 вида од безрбетните и 13 од рбетните животни кои се сметаат за глобално загрозени. Бројните ендемични видови на Паркот му даваат посебно обележје . Некои од нив се среќаваат само во границите на Паркот, и тоа: 29 таксони од алги, 12 видови цветни растенија, 61 вид од безрбетните и 4 вида од рбетните животни. Меѓународното значење  на биолошката разновидност во Паркот е потврдено со бројни номинации, како на пример : "Значајно растително подрачје", "Светско наследство на УНЕСКО", "Примарно подрачје на пеперутки" итн. Од другите природни вредности на Паркот се издвојуваат Стара Галичица со двата маркантни циркови и островот Голем Град поради карактеристичната геоморфологија. Во Паркот е регистрирано и богатно културно наследство, вклучително и повеќе споменици на културата, како манастирот Свети Наум, црквите Успение на Света Богородица, Света Богородица Захумска, односно пештерната црква Света Богородица Пештанска и културното наследство на островот Голем Град. Извориштето Свети Наум со својата непосредна околина се издвојува со неповторливиот спој на природни и културни вредности, поради што се вбројува меѓу најзначајните туристички одредишта во Македонија о пошироко. 

Цена: 200 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач ТРИМАКС

Report an abuse for product Галичица-Национален Парк Македонија

Категорија:
ИСБН: //

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Галичица-Национален Парк Македонија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in