Генералот и неговата армија
Автор:
Георгиј Владимов
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Генерал и его армия |
Бр. на страни:
504 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
тврда
Романот Генералот и неговата армија на познатиот руски писател, публицист, активист за човекови права Георгиј Владимов е длабока студија не само за големата патриотска војна, туку и за цената што била неопходна да се плати за татковината. Една од најважните теми што писателот ги истакнува се моралниот интегритет на личноста и неговото достоинство во најтешките времиња за земјата. Во центарот на нарацијата се советското освојување на Киев во 1943 година, и битката за Москва во 1941 година. Голем дел од дејството на романот се одвива во близина на Предслав (Киев), каде што 38 армија под команда на генерал Кобрисов се обидува повторно да го освои градот од Германците. Сепак, работите не се одвивале добро, бидејќи Германците биле целосно подготвени и одговориле на нападите. За време на битката за Москва, тој приредува забава за својот пријател, но завршува во град кој е окупиран од Германците, и за малку ќе биде убиен. Два полка тргнуваат да го бараат, но по грешка наоѓаат друг генерал. Овој генерал ги принудува да се борат со него, ги победуваат Германците и го ослободуваат градот... Во 2005 година романот ја добива наградата Руски Букер, а на почетокот на новиот милениум, во 2001 година, ја добива наградата Букер на деценијата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.