Гените како храна: Како генетски модифицираната храна станува дел од нашата исхрана
Ако сакате да дознаете како и зошто генетски модифицираната храна стана дел од нашата исхрана, тогаш сте на вистинското место. Ќе дознаете за факторите што влијаат врз рапидното освојување на пазарот од страна на овој вид храна како и за последиците од тоа во земјите ширум светот.
Стивен Нотингам е биолог со специјалност заштита на растителни култури. Има работено на многубројни проекти и истражувања, а воедно има објавено голем број статии во разни научни списанија. Денес работи како независен консултант и писател.
Безбедноста на храната секогаш е предмет на јавна загриженост како, на пример, појавата на салмонела или бактерии што предизвикуваат труење кај луѓето. Но, многу посериозен проблем што се провлекува незабележано е влегувањето на генетски модифицираната храна во нашата секојдневна исхрана. Авторот тврди дека притисокот од потрошувачите може да биде одлучувачки дали овој вид храна ќе успее на пазарот или ќе пропадне. Во текстот се дадени факти за тоа што, всушност, претставува тој вид храна, како се произведува, зошто сé уште не е посебно означена на нејзиното пакување и како ненајавено завршува во нашата чинија. Никогаш порано науката немала толкаво влијание врз нашите животи. Нели се вели дека сме она што го јадеме, па тогаш имаме многу за што да размислуваме кога станува збор за генетски модифициранта храна. Оваа книга ни помага во тоа.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
2 reviews for Гените како храна: Како генетски модифицираната храна станува дел од нашата исхрана
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Иво Митрушев (verified owner) –