Гермакедонија
Author:
Волф Ошлис
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Гермакедонија |
Num. of pages:
274 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Книгата на проф. д-р Волф Ошлис од Германија – „Гермакедонија“, со поднаслов „Студии за македонско-германската заемност низ вековите“, содржи четириесетина студии, статии и други прилози за Македонија, првенствено за нејзината културна историја, кои се тематски поделени во неколку циклуси: „Историја“, „Јазик и култура“, „Личности“, „Политика“ и „Разговори“. Како воведен текст е објавена неговата реч по повод доделувањето почесен докторат на науки на скопскиот универзитет во октомври 2003 година. Во предговорот проф. д-р Науме Радически се осврнува на неговата неколкудецениска плодна македонистичка активност и приврзаност кон Македонија:– „Гермакедонија“ на Волф Ошлис претставува раскошна презентација, афирмација, а најмногу реанимација на некогашните и на денешните германски проучувања и запознавања на Македонија. Покрај нејзината комплексност, покрај богатството и широчината на тематските проучувања и опсесии, на овој вистински возбудлив корпус од научни сознанија и нивна презентација, вистински печат му дава креативноста и интелектуалниот активитет на нејзиниот автор.„Гермакедонија“ претставува вистински зборник на трудови, нешто повеќе од афирмативно претставување на неколкудецениската македонистичка актива на авторот. Преку неа тој се потврдува како најплоден репрезент на современата германска македонистика. Во оваа книга Ошлис воодушевува со својата нескриена, човечка искреност и приврзаност кон македонската земја и народ. Тој овде не се претставува целосно ниту како лингвист, ниту како историограф или политиколог, ниту како литературен критичар – тој е секогаш сето тоа заедно и нешто повеќе – пишува Радически во предговорот.
Questions and Answers
You are not logged in