Глен – Супермен
Ова заедничко дело на писателот Александар Кујунџиски и на светски познатиот македонски сликар, академикот Васко Ташковски, содржи вкупно 25 кратки прозни текстови бајки проследени со исто толку илустрации/слики. (Впрочем, одделните „поглавја“ од сликовницава, обележени и со засебни наслови, слободно и оправдано е да се терминираат и како една комплетна бајка, како еден бајковит „мал роман“, како еден своевиден сплет – ѓердан нанижан од 25+25 „китки“, кои оформуваат вистински многуцветен венец...)
Врвно уметничко сочинение на двајца реномирани и безброј пати досега потврдени и докажани уметници: сликар – креатор со магичноста на сликарската четкичка и со колоритот на боите, кој и овој пат и овде се возвишува до бескрајот на вселената; и писател – бајкописец, кој на еден мошне необичен, оригинален и модерен стил, во темелот на делото и во неговата севкупна совршеност ги вѕидал волшепствата и силината на пишаниот збор.
„Со овој ракопис Александар Кујунџиски поставува нов и модерен литературен меѓник, како патоказ и до колегите каде и како да го трасираат својот пат во обраќањето кон најмладата и најблагородна читателска публика – децата.“
Велко Неделковски
Reviews
There are no reviews yet.