Глобализација на храната: Аграрните прашања и глобалната реорганизација
За да се проучи глобализацијата на агропроизводствените системи во „Глобализација на храната“ се користи серија од широкораспространети студии на случаи од Англија, САД, Индија, Јужна Африка, Нов Зеланд и од Латинска Америка. Се откриваат новите сили што го менуваат земјоделството, како тоа менување се вклучува во светската економија, кои се последиците, а кои ограничувањата од овие процеси. Анализирани се реакциите на локалните институции како одговор на овие глобални промени, новите размислувања што се појавуваат за квалитетот на производите и за самата одржливост на животната средина. Покрај споредбите меѓу напредните и земјите од третиот свет, се прави паралела и со глобалните синџири на исхрана, стратегиите на „главните“ играчи во индустријата, мултинациoналните корпорации, како и компаниите за брза храна и малопродажба.
Дејвид Гудман е професор и декан на Факултетот за одржливост на животната средина при Универзитетот „Санта Круз“, Калифорнија. Мајкл Џ. Вотс е професор и директор на Институтот за меѓународни студии при Универзитетот „Беркли“, Калифорнија.
Двајцата уредници со комбинирање на новите перспективи направиле едно фасцинантно истражување за глобализацијата и за реорганизацијата на локалните земјоделски системи, со што даваат еден вистински иновативен придонес за разбирање на политичката економија во делот земјоделство и храна.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Глобализација на храната: Аграрните прашања и глобалната реорганизација
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –