Го имам твојот број

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 369 | Димензии: 21 | Корица: мека

*Испорака од 03.05.2018

Го изгубив   Единственото нешто на светот што не смеев да го изгубам. Мојот веренички прстен, кој е семејно наследство три генерации. И сега, баш дента кога треба да дојдат неговите родители, јас го изгубив. Баш тој ден! Остани присебна, Попи!

Попи Вајат никогаш немала поубав период во животот. Таа наскоро треба да се омажи за нејзиниот совршен вереник Магнус, но нејзината идилична иднина почнува да се распаѓа за само едно попладне. Прво го губи скапиот веренички прстен, а во моментот на паника што следи, ѝ го крадат мобилниот телефон. Додека избезумено шета во хотелот каде што се случува сето тоа, забележува еден фрлен телефон во корпа за отпадоци. И се разбира дека си го зема! Мора да им остави број во хотелот за да ја контактираат ако ѝ го најдат прстенот. Совршено!

Меѓутоа, сопственикот на телефонот, Сем Рокстон, не се согласува. Тој сака таа да му го врати мобилниот и не сака Попи да му ги чита пораките и да му душка во приватниот живот. Следи комичен пресврт на настаните додека Попи и Сем делат телефон, ѕиркајќи си еден на друг во животите. Попи се подготвува за свадба и ја крие левата рака од Магнус и неговите родители, но набрзо сфаќа дека ја чека најголемото изненадување во животот.

Цена: 420 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Го имам твојот број

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-97-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Го имам твојот број”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in